Ширговска: Еднуш, некојпат, сакам да ми дојдеш.. Од нигде никаде..



Еднуш, некојпат , ..
Сакам да ми дојдеш ..
Од нигде никаде ..
И да ми прераскажеш како помина патем ..
Река газеше, низ вирој цапаше ..
Мугри ли ти беа посестрими ? ..
Ноќта ли ти беше постела ?
Мугри ли дочека ненаспан ?
Идај си по пат, не чекај ..
Мугри ќе пак осамнат
Ноќ паќ ќе дочекаш ..
Ама младост само еднуш се врвит …
И староста тежит на плешти ..
Одма си врвит времето ..
Самобендисано до немајкаде ..
То рачун не водит ..
Нит се думат за намерници ..
Еден цел век ќе думат предумуат ..
Други од думалка ќе бегат ..
Ете тој најпојќе ќе се офајдит ..
Оти на кантар не ќе тежит ..
Животта тој си ја проживеал ..
Дур други думале за него ..
Чунки така бил векот , кој знајт ..
Еден ќе думат за стомина ..
Ама други ќе му се смејат ..
Оти тој во думачката срцето го стегал ..
И од другачката на душата бегал ..
Еј !..Животиште..
Не зна , али некој набрзина се офајдил ..
Ама не ќе да е така ..
Оти невсот и севдата не се лаги прелажани …
Ами се думачка за цел век ..
Низ гла што ти шетат ..
Та нели без нив си цвеќе што не цветат ..
Тро некој требат душата да ја згрнет ..
За векот , убо да минет ..
Не се ојт пуста пустина ..
Думачката и тамо ќе те втасат ..
Ќе те ѓебердиса дури до тамо дур до немајкаде ..
Да не мојш, да се вратиш никако ..
Ќе думаш , ќе пустиш , оти рие џигерот ..
Оти празно е во опулот ..
Оти ниетот ти стоит ко кантар обесен ..
А севдата ..Абер не сторен ..
Еј животиште ..
Уште колку посестрими ноќи ќе пречекаш ? ..
Со празен скут и темна одаја ?..
Не се спиет така, не се живејт така , не се сакат така ..
То сето е голема мака ..


Автор: Оливера Ширговска 14.08.2022