ПОУБАВА ДРОГЕРИЈА НА СТАРО МЕСТО: РЕНОВИРАЊЕ НА dm ВО ТЦ CITY MALL




Заради реновирање, дрогеријата во ТЦ City Mall во период од 23.1 до 22.2.2023 година ќе биде затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди 15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ..и на веќе намалените производи! Овие попусти ќе траат од 19-ти до 22-ри јануари.

Дополнително, до 22.2.2023 со секоја сметка во оваа дрогерија ќе добиете ваучер со -15% попуст  за вашето следно пазарување во дрогериите во SP Planet, н. Ѓорче Петров и Point Retail Park, н. Чаир.


,,Со голема насмевка се присетуваме на отворањето на оваа дрогерија, кое беше пред повеќе од 10 години. Сите кои имаа прилика да присуствуваат на големото отворање, сигурно ја помнат веселата атмосфера, дружбата, но и убавите попусти. Оттогаш, со задоволство велиме дека dm е синоним за место на кое може да пронајдете сè што ви треба – производи за нега и убавина, органска храна и додатоци во исхрана, нега на бебиња, домаќинство.’’ – изјавуваат од компанијата.

Сега, на вашето омилено место за пазарување му дојде време за разубавување! Затоа, списоците во рака и упатете се во dm во ТЦ City Mall  на шопинг. Следното пазарување во оваа дрогерија ќе можете да го направите на 23-ти февруари.