Плаши се од оние на кои црното не им е под ноктите туку во срцето …



Такви ми се рацете кукле. Груби. Изорани со лузни и плускавци. Често имам и црно под ноктите. Ама ти не се плаши од такви како нас. Дека грубите раце можат да омекнат. Црното под ноктите може да се исчисти. Ти повеќе плаши се од оние на кои рацете им се нежни и меки, а грубото им е во душите. Плаши се од оние на кои црното не им е под ноктите туку во срцето.


Автор: Драган Таневски