Што не очекува денеска според хороскопскиот знак?!

Овен
Работа: Нема потреба од брзање, но важно е да ги контролирате соработниците кои се директно поврзани со финансиите. Неколку пати проверувајте ги најважните документи и доколку е потребно побарајте помош од страна.

Љубов: Опуштената атмосфера и позитивното расположение денес ви даваат добра основа да планирате и да направите барем еден успешен чекор кон нова љубов.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

Текстот продолжува на следната страна

КОГА СЕ ТРГНЕ НА ЛОШО, САМО ИЗГОВОРЕТЕ ГИ ОВИЕ 4 ЗБОРА КОИ ВЕДНАШ ПОМАГААТ: Совет на познат психијатар ја враќа светлината во животот!

Четири зборови кои помагаат кога сте очајни и несреќни – кажете ги со разбирање и ситуацијата наскоро може да се промени! Има ситуации во животот кога мислиме дека сè тргнало наопаку, дека ништо не ни оди добро и се чувствуваме безволни, демотивирани и оптоварени.

Секогаш ќе има потешкотии на патот на животот, но и во такви ситуации важно е да продолжите да уживате во убавите моменти, бидејќи секоја грешка и очај треба да се прифати како тест, предизвик, од кој може да се извлече вистинската лекција.

Наместо да очајувате, кога нешто не ви оди, само научете од тоа и развијте се. Наместо негативни мисли кои ве саботираат, оптоваруваат и ве спречуваат да напредувате, одлучете се да го насочите умот на позитивното.

Психијатарот Виктор Франкл еднаш зборуваше за „волјата за смислата“. Го советувал човекот да го праша животот што очекува од него, а не обратно – да очекува нешто од него.

Додека бил во нацистичкиот концентрационен логор, тој лично се уверил во способноста на луѓето да најдат значење насекаде, дури и во најстрашните страдања. Франкл го искористил ова искуство за да создаде свој метод на лекување – логотерапија.

Нејзината суштина е следна: се обидувате да го пронајдете и разберете значењето на секој момент во вашиот живот, без разлика дали е негативен, неутрален или позитивен.

Кога се чувствувате очајно, демотивирано и мислите дека сè тргнало наопаку, само кажете ги следниве зборови: „Ја гледам смислата во …“

Веднаш штом ќе ја изговорите оваа фраза, обидете се да ја завршите така што четвртиот збор ќе биде нешто во кое можете да најдете значење во моментот. На пример: „Ја гледам смислата во пријателите;“ „Ја гледам смислата во искуството;“ „Ја гледам смислата во промената.”

Колку и да се лоши работите, секогаш можете да најдете малку позитивност во секое време. Сè што треба да направите е да се обидете да ја пронајдете таа позитивност.

Треба да се запрашате: што очекува животот од мене токму во овој момент кога сум соочен со сите овие работи? Откако ќе сфатите дека вашето страдање има некакво значење, ќе ви биде многу полесно да го доживеете.

Честопати, потрагата по значење е првиот чекор на патот кон исцелување. Тоа ни отвора начини да се справиме со она што ни се случува. Можеби нема да ви ја ублажи болката, но ќе ве освести и ќе ви помогне да го вратите мирот и спокојството дури и во ситуации за кои мислевте дека се безнадежни.

Извор: Животен стил

Молете се, па и ако не верувате во Бог: Зошто е добро да го правите тоа?!

Човекот кој верува во Бога и се моли бара од него сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од него водство, мудрост. Но, постои уште еден аспект на молитвата.

Постојат два вида на молитва:

1. Најпрво има човек кој верува во Бог и се моли. Тој бара од Бога сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од Бога водство, мудрост. Една од најдобрите молитви што многумина најмногу ја сакаат е Молитвата за мир:

– „Боже, дај ми мир да прифатам работи што не можам да ги променам, храброст да ги променам работите што можам и мудрост да ја препознаам разликата“.

Затоа што толку многу страдања доаѓаат од кога луѓето сакаат да го променат она што е непроменливо. И немаат сила да го променат она што може да се промени. Тоа е убава молитва.

Текстот продолжува на следната страна

Ако навистина е судено да бидете заедно, љубовта ќе најде начин

Tешко е да гледаш некој друг човек во очи, а да не се заљубиш во него. Затоа луѓето толку брзо, го тргаат погледот едни од други. Немаат храброст подолго време да се гледаат во очи.

Ќе ги преплави Љубов и ќе се запрашаат што ги снашло. Кога се препуштиш на љубовта и дозволиш, да те води таму каде што твојата душа сака да биде, нема да има повеќе никакви тешкотии.

Борбата ќе престане и ќе го осознаеш единството. Ако имаш партнер или близок пријател, обиди да се загледаш во неговите очи. Немој да го тргаш погледот, дури и ако тоа продорно гледање станува непријатно.

Непријатноста ќе помине и ќе се преобрази, во нежност и внатрешен сјај и ќе те обземе чувство, дека се топиш со оној другот. Додека ги гледаш своите или туѓите очи, ќе ја видиш душата. Очите се огледало на душата.

Нил Доналд Волш

Која е причината за да останеме со човекот кој не го сакаме

Во поголемиот дел од случаите партнерите делат велосипед, сметките дома или исплаќаат заедно кредит, а овие трошоци нема како да се преземат одделно кај повеќето мажи и жени кои живеат заедно.

Поради оваа причина околу 45 % не се разделуваат со партнерот барем една година по исцрпувањето на нивните односи, а други 25% остануваат со човекот до себе, дури и да не го сакаат, околу три години поради нивната финансиска поврзаност со него.

Главно мажите и жените меѓу 25 и 34 години се финансиски зависни од оние во напредната возраст, зашто допрва се натрупува професионалното искуство и кариера.

Други 12% пак би земале кредит, за да ги покријат своите сметки во иднина, но во никој случај не би останале со човек, кон кого веќе не доживуваат чувства.