Не сакаше да сфати дека на секој празник еден ќе фали. Дека вечерата нема да биде целосна, бидејќи едното место ќе биде празно…



Еден збор ја уништи. Ние се разделуваме. Семејството се распаѓа, ние секогаш ќе сме тука за тебе. Зборови кои ја убија, душа која се распарчи. Ја уништија. Знаеше дека тие се секогаш за неа, но знаеше дека наутро кога ќе се разбуди еден ќе фали. На трпезата, на приборот за храна, на неговото место веќе ќе биде празно. Тоа ја убиваше. Кога сфати дека веќе ќе живее со половина срце. Никогаш повеќе ќе ги нема мама и тато заедно. Или тато или само мама, тоа ја уби. Не сакаше да верува дека стана дете на разделени родители. Родители кои повеќе не можат да се погледнат. Не сакаше да сфати дека на  секој празник еден ќе фали. Дека вечерата нема да биде целосна, бидејќи едното место ќе биде празно. Не сакаше да се соочи со вистината. Не сакаше да си признае дека од денес пола срце ќе и фали. Не сакаше. Не сакаше да признае дека и она стана дел од децата на разведени родители.


Едностано не сакаше, бидејќи таа сурова вистина и го распарчи срцето на милион делови, ја уби.

Автор: Ангела Пецанова