На писателот Таневски му стигна порака од една девојка: Се сеќавате на мене кога пред 1 година ви пишав без надеж поради невозвратена љубов …



Фала ви дечки. Овие порачиња си ги чувам на сигурно во сефот на срцево.
„Здраво Драган, се надевам дека сте добро.
Се сеќавате на мене која пред 1 година ви пишав без надеж поради невозвратена љубов, полна со негативна енергија во себе, многу недостатоци во себе..
Не е битно и да не ме памтите, сигурно овој временски период сте сретнале многу како мене, јас се сеќавам на вас.
Ми рековте “Немам комкретен совет во врска со твојата моментална ситуација, А********, но можам да ти кажам само – порасни умствено, интелектуално, душевно и емоционално. Телото потоа само ќе ти каже каде понатаму”.
Епа да ви одговорам, цела година се трудев да го направам сето тоа, без мирна душа, без верба.. Дури денес разбрав што всушност треба да правам и дека најбитен е душевниот мир во себе, да се радувам со самата себе, потоа да најдам личност која ќе ми го разубави делот од животот. Не да го разубави мојот живот, туку делот, доволна сум јас самата за да го направам животот да ми биде убав.
Ви благодарам за пораката од тој ден, топло ве поздравувам и да знаете дека една девојка успеавте со вашите зборови да ја “излечите”! ❤