Моќта на театарот низ историјата



Низ изложбата на театарски експонати, Скопје сити мол во соработка со МНТ нè врати низ времето и ни ја покажа моќта на театарот. Враќајќи нè  дури 73 години наназад, во време кога била изведена првата театарска претстава во Македонскиот народен театар, па до денес, изложбата покажа дека речиси ништо не е сменето – моќта на „штиците што живот значат“ е иста како и од првата претстава изведена во МНТ.


На изложбата свое место најдоа експонати од различни претстави, како и многубројни фотографии и други документи кои сведочат за богатата историја на театарската уметност во Македонија. Благодарение на кустосот кој вешто ги водеше посетителите низ изложбата, тие имаа можност да се запознаат со дел од она што било изведено на сцената на МНТ и да се уверат во моќта на театарот. 

Ваквиот проект на Скопје сити мол и МНТ ги врати посетителите низ времето, во минатото кога театарот бил центарот на сите случувања, кога луѓето уживале во драмите, комедиите и трагедиите, па сè до денес кога младите повторно се враќаат во него.