Мислиш дека си маж со тоа што со пари ќе ги менуваш партнерките како долната облека, секој ден? Е јак си фраер нема што !



Мислиш дека си маж со милионите од татко ти ?
Мислиш дека го поседуваш светот со очилата Гучи, тие што ги купи во елитниот дуќан , за да бидеш виден и чуен ?
Мислиш дека си маж со тоа што со пари ќе ги менуваш партнерките како долната облека, секој ден ?
Е јак си фраер нема што !
Се дури работат банкоматите , кредитите и картичките, се дотогаш си величина која ја наследи неизмачен .
Ниту една капка пот не ти го нароси челото, ниту еден час не помина помагајќи му некому, ниту еднаш не се наведна да ја слушнеш мајка ти што зборува , ниту за еден роденден не и купи насмевка..
Е таа насмевка е најскапа , таа се заслужува со почит и внимание .
На мајка ти не и треба Гучи , не и треба Том Тејлор, не и треба автомобил што не знае како да го отвори .
И требаш Ти ..
Да станеш конечно маж , да бидеш величина во вистинска смисла на зборот , бидејќи парите лесно се лизгаат од рацете , картиците се празнат , но знаеш ли што е најтешко ?
Празната мајчина душа, празните ѕидови дома , празното срце и празните раце .
Додека ти лумпуваш , таа седи дома и брои години .
Еден ден ќе уздивне и ќе си замине .
И на тој свет очите ќе и бидат отворени , бидејќи таа те сакаше тебе , да те види , таа сакаше ти да бидеш среќен, конечно да станеж маж Ти .
Не и требаа нејзе ниту пари, ниту луксуз .
И требаше Ти и човекот кој го носиш во себе .Човекот кој за жал никогаш не го употреби , тој си остана да живее на друго место , Ти го напушти и стана роб на секојдневието …


Автор: Оливера Ширговска 27.11.22