Мега Мултивитамин сируп од Натура Терапи за внес на сите неопходни витамини и минерали




Изминативе месеци дефинитивно бевме помалку активни, со што се намали и нашата кондициона сила. Деновиве пак со појавата на сончевите денови се посилна ни е желбата за различни активности. Џогирање, пешачење до врв на Водно, возење велосипед, за други активности! Некако како да се разбудивме од зимски сон, и сега сакаме да надокнадиме, се што сме пропуштиле. Но желбите не кореспондираат со можностите!. Во таква ситуација неопходно ни е брзо регенерирање на организмот, реобнова на енергијата, односно сила која обично ја добиваме преку редовната и здрава исхрана. Но тоа не е доволно, посебно не за краток период!  

Затоа ни се потребни ни се додатоци во исхраната, витамини и минерали потребни за нормално функционирање на нашето тело, но и за да обезбедат силен имунитет, детоксикација  и целосна заштита на организмот од оштетувања и стареење.  


Природни додатоци неопходни за нормално функционирање на  мускулно скелетниот и нервниот систем, за подобар метаболизам, за обнова на крвните клетки. Мултивитамински додаток каков што е Мега Мултивитаминот од Натура Терапи кој помага за одржување на здраво срце и функционалност на крвните садови, црниот дроб, цревата и другите органи, превенирајќи истовремено од анемија. 

Мега мултивитаминот е наменет за сите возрасни лица кои сакаат добро здравје и виталност, кои имаат потреба од повеќе енергија и да го спречат стареењето, а кои имаат динамичен живот и не секогаш имаат доволно време за да обрнат внимание на исхраната. 


Содржи комплекс на витамини од групата А, Б, Д, Е, Магнезиум, Железо, Селен и Хром, фактички се што му е потребно на организмот. Уште поважно што овој производ  за разлика  од останатите мултивитамини, покрај важните минерали и витамини содржи и екстракти од супер овошја, растителни екстракти и екстракти од медицински печурки. Токму тие додадени екстракти и целата комбинација обезбедува многу антиоксиданти кои се неопходни за успорување на стареењето и заштитата на клетките, детокс и подобрување на имунитетот. 

Со Мега Мултивитаминот многу лесно и практично, со само 1 голтка, два пати во текот на денот внесуваме се што ни е потребно. Овој сируп кој треба да стои во фрижидер, со секое негово отварање практично не потсетува да ја земеме неопходната дневна доза! 

Земањето на потребните витамини и минерали и други животно потребни состојки, никогаш не било полесно. Треба да се проба!