Љубов. Изборот кој не ужаснува сите до смрт, но сме си должни сами на себе да го направиме…



– Не мислеше ли да ми кажеш дека си заминуваш?
– Мразам збогувања.
– Е, јас пак мразам да се разбудам и да откријам дека жената што ја сакам си заминала без збор! Заслужувам објаснување! Зошто?
– Не разбираш. Навистина треба да одам.
– Каде, по ѓаволите одиш?
– Види, небитно е. Едноставно остави ме да си одам. И за двајцата ќе биде подобро.
– Се слушаш ли што зборуваш??? Што ќе биде подобро? За кого???
– НЕ!!! ТИ НЕ РАЗБИРАШ!!! Ако останеш со мене ќе те направам несреќен! Ако останам дури уште една проклета минута, еден ден ќе се разбудиш и ќе ме мразиш! Не можам да го понесам тоа!
– И избираш едноставно да си заминеш?
– Подобро минута порано, отколку минута покасно…
– Зошто, за Бога? Зошто живееш со мислата дека еден ден ќе те оставам, дека ќе престанам да те сакам, дека веќе нема да сум среќен до тебе? Зошто бегаш од мене?
– Зошто сите го направија истото! Нема ниту еден проклет човек што сум го сакала и се колнел дека ме сака, а да останал! Изморена сум од ветувања и од очекување на неизбежниот крај ..
– Си помислила ли дека јас не сум сите нив? Дека можеби навистина сакам да останам и не ми е страв? Си помислила ли дека навистина те сакам и сакам да продолжам со исто темпо и да ја поминам секоја секунда од животот со тебе?


* * *

После сите лаги кои што ги бев слушнала низ животот, се осмелив да поверувам во една вистина. Со целата верба. После сите лаги, во кои се изгубив самата, си дозволив да потонам во неговите очи на спокој, да се воодушевувам на дупчиња на неговите образи додека се смее, не знаејќи дали воопшто го заслужувам.
Љубов.
Така ја нарекуваат. Довербата да се оставиш во туѓи раце без да се плашиш од својата нежност и од тоа дека ќе те испуштат и скршат толку непоправливо, не можејќи да успееш да се собереш повторно.
Љубов.
Изборот кој не ужаснува сите до смрт, но сме си должни сами на себе да го направиме.
За да имаме барем мала шанса за среќа. За смисол. За надеж.
Дека нема да бидеме предадени повторно.


Автор: Јанева Ивана