Кои 5 производи да ги купите овој Black Friday?



Се ближи Black Friday, а оваа година продавниците ќе нудат одлични попусти и зделки за широката понуда производи. На Black Friday, сите ги фаќа шопинг треска, па продавниците и трговските центри знаат да бидат преполни.


Големата понуда и, пред сè, зделките што се временски ограничени, често го активираат кај потрошувачите познатиот ефект на „FOMO“, кој може да ги натера да направат импулсивни и избрзани шопинг одлуки и да потрошат пари на предмети што не им се толку потребни.

За овој Blаck Friday да извлечете максимум од попустите, направивме листа на производи што ќе бидат на акција, а во кои вреди да инестирате бидејќи ќе ви овозможат голема финансиска заштеда, а и значително ќе го подобрат вашето секојдневие.


Апарати за кафе

Не мора да отидете на патување во Италија за да го почнете вашиот ден со шолја врвно кафе. Тоа што ви е потребно е квалитетен апарат за кафе, кој ќе ви го направи секое утро значително поубаво.

Со овие машини можете и да експериментирате со различни видови кафе, вкусови и методи на подготовка, кои ќе ви помогнат да откриете некои од тајните на подготвување кафе како вистински бариста.


Доколку имате опремена кујна и сакате да ја надградите со некој производ што ќе ви носи секојдневно задоволство, тогаш апаратот за кафе е вистинскиот избор за вас. На Black Friday, популарните брендови на апарати за кафе имаат големи попусти, па искористете ја можноста секое утро да го почнувате со арома на квалитетно кафе.

Фрижидери

За Black Fridаy треба да ја погледенете понудата на бела техника бидејќи ќе наидете на големи попусти. Ако сакате да ја обновите кујната, тогаш нов фрижидер секогаш е добредојден.

Ќе најдете одлична понуда на еднокрилни и двокрилни фрижидери, а, можеби, и ќе фатите одлична зделка за практичните комбинирани фрижидери, кои ќе внесат едноставност, но и елеганција во вашата кујна.

Најновите модели фрижидери користат иновативна технологија, прецизна контрола на температурата, а се опремени и со дозери за мраз и за вода.

Тие нудат голем простор за складирање, како и приспособливи полици. Не пропуштајте ги најдобрите понуди за вашата кујна на овој Black Friday.

Сушари

Се ближи зимската сезона, а во овој период сушењето на алиштата станува голем проблем. Загадувањето ја прави ситуацијата уште покомпликувана, па доколку ви е смачено од тоа да ги чекате алиштата да се исушат на жица, размислете за време на попустите оваа година да инвестирате во машина за сушење алишта, односно сушара.

Не само што алиштата ќе ви бидат исушени за многу краток период, туку и ќе мирисаат прекрасно. Дополнително, напредната технологија ќе направи да не се истегнуваат и да не ги изгубат формата и бојата.

Најголемата придобивка од инвестирањето во сушара е фактот дека ќе се ослободите од една домашна обврска и ќе имате повеќе време за вас. Со сушари ивестирате и во подобар изглед на вашата облека, а со тоа и на вашиот изглед.

Робот правосмукалки

Поедноставете ја работата во домот и гледајте ја омилената серија на Netflix место да поминувате време во постојано пребришување на правта. Нарачајте некоја од многуте одлични робот правосмукалки овој Black Friday и бидете дел од светските трендови.

Ваквите правосмукалки целата работа во домот ја вршат сами. Тие собираат прав од ламинатот или паркетот, но имаат опција и да поминат со влажна крпа веднаш потоа за да направат кристално блескав под. Кога ќе ја завршат работата, самите се враќаат на станицата за полнење на батеријата, а ваше е само повремено да ги исчистите од тоа што го собрале.

Прочистувачи на воздух

Зимата дојде и почна грејната сезона. Прашање на време е кога воздухот ќе стане исклучително загаден. Речиси сите градови низ земјата имаат ужасно неквалитетен воздух, па користењето прочистувачи на воздух е задолжително.

Колку и да се трудите да не ги отворате прозорците, воздухот неминовно ќе влезе во вашиот дом и вие не можете да сторите ништо околу тоа. Единствено што можете е да го исчистите воздухот внатре од штетните честички со помош на овие апарати. Black Friday е акција што почнува во ноември, што е идеално да набавите еден на попуст и да дишете свеж и чист воздух цела зима.

Телевизори

Цените на телевизорите се движат од околу десет илјади денари, па до неколку илјади евра. Ако сакате да купите нов телевизор, акцијата Black Friday е идеално време за вас. Попустите што ги нудат компаниите се совршено време за да пронајдете одличен модел по многу пониска цена од вообичаената.

Имајте предвид дека различните брендови нудат различни модели што може да имаат неверојатна и кристално чиста слика, додека други и не се толку спектакуларни. Токму затоа е добро да истражите пред да нарачате некој од многуте модели телевизори.

Тенџериња и садови

Кујната треба да се подновува постојано. Токму затоа е одлично да ги искористите попустите за време на акција Black Friday и да побарате нови тенџериња и други садови за кујна што ќе бидат совршен подарок за себе во пресрет на претстојните празници.

Готвењето за слава, правењето торти и колачи за Нова година и за Божик е многу поубаво кога тоа го правите во нов сет тенџериња и го послужувате во садови што не се никогаш порано употребени. Искористете ги попустите овој ноември и создадете прекрасна нова кујна.