Какво време не очекува наредните денови?!



– МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД НОВО ЈУЖНО И ЈУГОЗАПАДНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ КОЕ НОСИ ТИПИЧЕН ПОСТЕПЕН ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ.


– НО СО САМОТО ОВА СТРУЕЊЕ ИСТО ТАКА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ВОЕДНО НОСИ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА КОЈА ЌЕ РЕЗУЛТИРА ДУРИ И СО ТРАНСПОРТ НА АФРИЧКИ ПЕСОК И ПРАШИНА ВО АТМОСФЕРАТА!

– НА ВИДИК Е И ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО!


Да убаво време вчера во најголем дел од државата и сето тоа е благодарение на зголеменото поле на висок воздушен притисок (антициклон) што придонесе да имаме многу сонце и типична пролетна топлина.

Но, во поглед на температурите ни утрешниот ден (понеделник) нема да биде ништо поразличен во однос на денешниот. Но во најголем дел од денот како и во најголем дел од територијата на Македонија и утре ќе преовладува сончево и повеќето стабилно време со мала до умерена локална облачност и релативно топло време. Меѓутоа како што ќе изминува утрешниот ден, така почнувајќи од југозапад ќе настапи постепено наоблачување кое секако кон крајот на денот и вечерните часови ќе услови врнежи најпрвин на југозапад, а во текот на ноќта према вторник овој бран од локални врнежи да се прошири на повеќе места низ земјава.


Во вторник променливо време со сончеви периоди но и со услови за локални врнежи, а ќе биде и ветровито што значи ќе започне да дува умерен а локално и на повеќе места низ земјава и засилен јужен и југозападен, односно југоисточен ветер кој локално ќе има удари од околу 70 км/ч.

Од средината на оваа седмица па натака над нашето подневје се очекува да се воспостави ново дополнително изразено јужно и југозападно воздушно струење што ќе услови да имаме нов, дополнителен пораст на температурите па така до крајот на идната седмица дневните температури ќе се движат во просек од +19 до +25 С, а локално во најтоплите делови на државата истата би можела да се искачи и до околу +27-от степен.

Но поради изразеното југозападно струење се очекува да имаме и транспорт на Афрички песок и прашина што ќе овозможи атмосферата да биде нечиста и заматена. Меѓутоа сепак во текот на следната седмица сакам да додадам дека атмосферата над Македонија нема да биде целосно стабилно што значи дека очекуваме и повремени претежно попладневни дестабилизирања на истата која ќе услови и развој на нестабипна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Како и да е пред нас е нешто променлива временска состојба со сончеви периоди но и повремени претежно попладневни дестабилизирања со 🌩⛈🌩 но сепак ќе биде топло, но без некои особени претерувања и сл. Нови детали очекувајте наскоро. Следете не !!

Деталниот временски извештај го анализира и обработи: Denis Muhovic