Маж, кој се молел за малку љубов на својата сопруга, но не ја добил, решил да направи листа со извинување за тоа што му велела за да го избегне сексот со него.
За седум недели тој 27 пати се обидел да иницира малку романтика со сопругата, но успеал само три пати. За останатите 24 пати направил листа со извинувања кои жена му ги дала.
Едни од најчестите се зборовите: “Уморна сум”, “Гледам филм”, “Треба да се истуширам” (но не го прави), “Пијана сум” и “Треба да станувам рано”.
Тој и испратил мејл листа, додека таа била на службено патување, истакнувајќи дека воопшто нема да му недостасува.