Типична претставничка од групата на земјени хороскопски знаци, која цврсто стои на земјата и не е склона кон фантазирање, туку живее во реалноста и дава од неа колку што може повеќе. Претпоставувате дека станува збор за Јарец.
Неверојатно силна, дамата Јарец може да ги преброди сите животни препреки, а секој проблем го решава смирено. Иако на момент може да изгледа ладно и резервирано, сепак под површината се крие дама со одлична смисла за хумор, која копнее по сигурност. Своите амбиции е подготвена да ги жртвува само поради семејството. По природа не се вљубува лесно на прв поглед, ниту сака да го губи своето време на бесмислен флерт. Љубовта за неа е сериозна работа и, ако некој и се допаѓа, нема сè да ѝ препушти на судбината, бидејќи е свесна за своите способности и работите ќе ги земе во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот што го посакува.
Сака да биде рамноправна со својот партнер, а на него секогаш ќе му биде поддршка, особено во тешките моменти. Совршен партнер за неа е некој кој сака да успее во животот колку и самата таа. Идеални партнери за неа се Бикот и Девицата, бидејќи тие знаат да продрат до нејзиното срце, додека, пак, Ракот во целост ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби.