Фестивалот UNDERFEST остана без никаква поддршка од град Скопје



Градоначалникот на Град Скопје врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ број 05/02), а во врска со Јавниот повик за доделување средства за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје бр. 08-7817/1 од 07.09.2018 година, како и постапувајќи по предлозите на комисиите за професионално, аматерско и младинско делување во областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми; во областа на музичките уметности; во областа на музејската дејност и промоцијата на културното наследство; во областа на изведбените уметности; во областа на меѓународната соработка и во областа на издавачката и библиотечната дејност, донесе РЕШЕНИЕ за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2019 година.


Според решението на Град Скопје, прескокнати се многу важни настани од јавен и мултинацинален интерес во полето на културата. Еден од нив е фестивалот со најбогатата програма на македонски артисти во последните неколку години АНДЕРФЕСТ. За фестивалот кој е предвидено да трае 3 дена, градот нема одвоено ниту еден денар, додека некои од самостојните артисти за кои повеќето и прв пат веројатно имате слушнано, од градот одвоиле и поголеми износи на средства.

Од фестивалот најавуваат жалба против оваа скандалозна одлука на градот.