Eucerin DermatoCLEAN – Нега која овозможува кожата да дише




Тешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух.  Колку подлабоко вдишуваме, толку повеќе кислород внесуваме во нашите клетки и изгледаме посвежо и порелаксирано.

Но, постои и втор, речиси незабележлив начин на внесување на кислород, а тоа е преку нашата кожа. Студиите покажуваат дека атмосферскиот кислород е значаен снабдувач со кислород во површинските клетки на кожата, додека транспортот на кислород преку крвта има само мало значење. Токму затоа е исклучително важно да се користи медицинска козметика која овозможува ефикасно чистење на кожата на лицето, овозможувајќи и слободно да дише. Колекцијата за чистење на лицето Eucerin DermatoCLEAN го овозможува токму тоа – нежна, темелна и длабинска нега на кожата на лицето, овозможувајќи и притоа слободно да дише.


Наутро се отстрануваат остатоците на кожата создадени во текот на ноќта, како себумот и потта, додека навечер помага ефикасно да се отстранат нечистотиите и шминката. Чистењето на лицето е важен дел од рутинската дневна нега, подеднакво важно како и користењето на кремите. Чистењето на кожата со Eucerin DermatoCLEAN ги поттикнува регенеративните процеси, обезбедува оптимална хидратација, и ја подготвува кожата. Колекцијата Eucerin DermatoCLEAN има висока дерматолошка вредност, производите се клинички тестирани, не содржат алкохол и други вештачки додатоци и се особено погодни за осетлива кожа. Додадената хијалуронска киселина во производите дополнително ја хидрира кожата и ја подобрува нејзината еластичост.

Со цел да се задоволат потребите и желбите на нашите корисници, линијата на производи DermatoClean вклучува четири производи – Млеко за чистење кое целосно ги задоволува потребите на сувата кожа, освежувачки гел наменет за миење на лице со нормална и комбинирана кожа, пена наменета за миење на сите типови на чувствителна кожа, како и мицеларниот раствор 3 во 1, кој ги отстранува шминката и нечистотиите од кожата и истовремено ја тонизира.