Eден ден ти светнува дека го сакаш не само како пријател, туку и повеќе… Како да го претвориш добриот пријател во дечко?!



И така, имаш многу близок добар пријател кој е супер кул, паметен, смешен, дава добри совети кога го прашуваш и воопшто тој е дечко за кого си сонувала.


И еден ден ти светнува дека го сакаш не само како пријател, туку и повеќе. Што да правиш? Како да го претвориш од пријател во дечко?

Направи потег


Ако си уверена, најлесниот и ефективен начин да ги покажеш своите чувства кон овој пријател е да го направиш првиот потег.

Ако излезете за пијачка, најлесно е по едно-две да го помилувате нежно по косата, или по раката или ногата, додека зборувате. Ако реагира позитивно, замоли го да те бакне. Така ќе видиш, дали чувствува тој нешто за тебе.


Поминувајте повеќе време заедно

Гледај да поминуваш повеќе време со него. Ѕвони му често и поканувај го да излегувате (но не претерувај за да не изгледаш очајна). Ако и тој те сака, тогаш ќе сака да поминува повеќе време со тебе, но ако вели дека нема време и е многу зафатен, можеби тоа е знак дека не сака продлабочување на пријателството.

Можеш да пробаш и да пушташ тенки инсинуации, кога сте заедно – на пример комплименти и споменување на љубовниот живот. Ако сте навистина добри пријатели и тој те цени како човек, само прашање на време е да почне да те перцепира и како секси жена со која сака да излегува.

Биди искрена

Оваа стратегија бара соодветно време и место (во никој случај пред други луѓе и кога немате време).

Земете длабок здив и кажи му за своите чувства кон него. Овој пристап може да создаде непријатност, затоа најдобро размисли однапред што ќе кажеш. Иако ќе сакаш да го чуеш неговиот одговор веднаш, најдобро е да му дадеш време да размисли. Затоа не очекувај веднаш да те покани на состанок.

Но, ако и тој има чувства кон вас, ќе бидеш среќна што си имала храброст да му кажеш, бидејќи нема по солидна основа за една добра и долготрајна врска од најдобро пријателство.