Две светли солзи се стркалаа по лицето… Знаеше дека Љубовта ја зборува вистината…



Љубовта и кариерата…
Еден ден , после многу години , седнати една спроти друга во аголот на душата си разговарале Љубовта и кариерата…
Ех драга моја , веќе остаревме …Не носеше животот низ секакви бури..Сега веќе и нозете не одат – зборуваше тивко кариерата…
-До душа , сеуште мислите понекогаш ќе ми заталкаат , ама пустиве нозе не можат да стигнат…
-А колку бев убава кога бев млада – продолжи да зборува кариерата…
Сите се восхитуваа на мене ..Трчав , создавав , напредував и бев наградувана -сеуште горделива , зборуваше со надменост..
За мене се зборуваше во сите социјални сфери и општествени кругови – звучеше повторно горделиво…
-За тебе , ништо …Моја драга пријателке…Толку многу те зборуваа , ама никој не те награди -…Љубов ?…Е , што било тоа – изусти на крајот..
Љубовта молчеше и ја слушаше. Многупати кариерата знаеше да ја навреди и да зборува за своите успеси…
– Размислуваше и овој пат реши да и одговори…
-Душо моја , да не бев јас во тебе , ти никаде немаше да стигнеш…Со толку посветеност и истрајност одеше низ животот , што јас едноставно , морав да те пуштам по тој пат…
Единствено жалам , што не те сопнав , да му паднеш во прегратка на момчето кое го сретна случајно во трговскиот тој ден…Вие бевте родени еден за друг , но јас се плашев дека ќе го оставиш , бидејќи беше горделива и упорна во својата цел…
-Сега можеби ќе седевте двајцата заедно , овде пред мене и ќе се смеевте весело како мали деца..
Кариерата се подзамисли..Се сети на тој момент ..На тој миг , кога го здогледа младиот човек ..Висок , згоден , со сериозен израз на лицето…Некаде брзаше , но таа успеа да му го одвлече вниманието…Дури и се заврте по неа…
Две светли солзи се стркалаа по лицето…Знаеше дека Љубовта ја зборува вистината…
-А таа…Таа , кариерата , само си го продолжи патот…Оливера Ширговска