Денес е Свети Василие Острошки: Две недели спиела пред вратите на манастирот – Еве од какви маки се спасила



Се сеќавам, имав ужасен ден на работа. Шефот пред сите викаше на мене, направив грешка која не смеев да си ја дозволам.Кога се враќав дома, во автомобилот, почнав да плачам. Инаку,по природа сум таква што се’ собирам во себе, веројатно тоа беше капката која ја прели чашата. Ништо не беше како што имав замислено.


Не сакав да се вратам дома, сакав да избегам од се. Седнав во автомобилот и се упатив кон манастирот на Свети Василие Острошки. Телефонот постојано ѕвонеше. Некаде пред зора стасав во Никшиќ. Со оглед на тоа дека прв пат доаѓав на такво свето место не знаев што ме чека, пишува Пинџур.

Паркирав пред манастирот и трчајќи тргнав кон влезот на ова свето место. Луѓето кои беа таму ме гледаа со чудење. Монахињата, која во тој момент излегуваше од малечкиот пролаз застана пред мене и ме фати за рака. Ме погледна уплашено и зачудено.


’Плачи, немој да се срамиш. Ако чувствуваш дека треба да плачеш направи го тоа. Ќе влезеш внатре и сите проблеми ќе исчезнат, ти го гарантирам тоа. Самите на себе сме си најголеми непријатели. Замоли го свештеникот да ти прочита молитва и се’ ќе биде во ред. Ти ја посакувам сета среќа и Господ нека биде со тебе’ ми шепна монахињата со тивок и смирен глас.

По неа гледав како малечко дете. Пред малечката просторија во која се наоѓаат моштите на светиот Всилие Острошки стоеше монах кој ги пушташе луѓето внатре.Кога влегов во просторијата се наежив и како нешто да мина низ моето тело, чувствував немоќ.


Дочитајте го текстот на наредната страна:

Страни: 1 2