Да помогнеме на Мартина (6г.) со мала донација да изврши успешна операција да може сама да оди!



Мартина Гавановска е 6 годишно дете кое од самото раѓање има неразвиени патели на колената и не може да оди. Редовно се применувани физикални терапии но без никакви резултати. Од направените прегледи и констатираната дијагноза треба да се направи специфична операција на двете колена.


Ниту во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје ниту во приватните болници во Македонија не се нафаќаат за ваква операција, со оглед дека станува збор за дете за кое треба специфична операција и каде немаат вакво искуство.

Но во нашето соседство, врвниот ортопед – експерт од Русија, Др – Дмитри Попков ординира во Детската клиника – Тирсова во Белград и малата Мартина е однесена на преглед кај него.


По извршениот преглед Др – Попков прифатил да ја изврши операцијата, за која смета дека истата ќе биде успешна на двете нозе и малата Мартина без проблеми по рехабилитацијата ќе може самостојно да оди.

Посочено е дека според возраста, сега е краен момент во развојот на Мартина да се направат операциите.


Поради неможноста мајката сама да ги обезбеди средствата за операција и понатамошното лечење, принудена е да побара помош од хуманите луѓе кои кои би сакале да и помогнат на Мартина да го помине овој пат кон нејзино самостојно проодување.

Да помогнеме Мартина да оди самостојно, да игра и да го живее животот со сите негови предизвици, исто како и нејзините другарчиња.

ПОМОГНЕТЕ И ВИЕ СО МАЛА ДОНАЦИЈА!

На Мартина можеме да и помогнеме со директна донација на нејзината денарската сметка како правно или физичко лице.

Да и помогнеме на Мартина да почне да оди самостојно!

Да бидеме хумани!

Донитарјте ТУКА