Д-р Соња Доневска: како да го зголемите производството на колаген и да ја подобрите еластичноста на кожата




Со текот на годините потребите на кожата од секојдневната нега стануваат сѐ поголеми. Тоа се должи од една страна на долгогодишното влијание на надворешните фактори, а од друга страна на сѐ послабата регенеративна моќ на кожата. Затоа последните иновативни промени од Еуцерин беа насочени на линијата Hyaluron-Filler+Elasticity за нега на возрасна кожа.

Како и претходно, во производите има хијалуронска киселина која ја хидрира кожата и помага за пополнување дури и на подлабоките брчки. За нерамномерната пигментација која се јавува како последица на долготрајното влијание на УВ-та светлина, во новите производи ја има активната состојка тиамидол, којашто го нормализира прекумерното создавање на пигмент во кожата и така постепено го изедначува тенот. И последно, но не и помалку важно, состојката арктиин која го зголемува производството на колаген и ја подобрува еластичноста.


Линијата Hyaluron-Filler+Elasticity има дневен крем со СПФ 15, ноќен крем, крем за околу очи и 3Д серум кој го зголемува ефектот на кремите за нега, а бидејќи пигментни дамки често се јавуваат на горната страна на дланките, за нега на рацете од истата линија предлагаме и крем за раце.

Со овие промени Еуцерун продолжува да ги задоволува потребите на кожата и да ѝ помага на секоја жена да се претстави во нејзиното најдобро светло.