Бринетите се подобри љубовници од русокосите?!



Митските русокоси девојки се повеќе се повлекуваат пред наездата од бринети кои ги освојуваат првите места на анкетите.


На Холивуд му е време за нова фатална русокоса девојка, бидејќи Гвинет Палтроу, Кејт Бланшет и останатите, очигледно не успеаја да ја надоместат легендарната Мерилин Монро и нејзините наследнички. Имено, откако русокосите ја изгубија титулата за најсекси жени, сега паднаа и на второ место по вештините во креветот. 

Дури 58 проценти од мажите во анкетите на порталот lovehoney.com утврдиле дека бринетите се најдобри меѓу чаршавите. Со 21 процент русокосите се на второ место, црнките на трето со 12 проценти, а митски страствените црвенокоси се последни со 9 проценти.


Во изборот на идеална жена, мажите повторно предност им дадоа на бринетите кои се снаодливи и во кујната, додека пак жените за идеален маж го одбрале оној што има смисла за хумор и чувствителност, а не и добар изглед по секоја цена.

Разбиен е и митот за добрите танчерки како добри љубовници, бидејќи скоро 3 проценти од мажите и три четвртини од жените изјавиле дека најдобар љубовник им била личност што немала врска од танцување.