Бев повредена… од плачење солзи не ми останаа, од срцево ни парче не остана …



Бев повредена… од плачење солзи не ми останаа, од срцево ни парче не остана.. се скрши и се разлета наоколу. Но не се откажав.
Штом заврши, штом замина и те остави позади себе,не ти треба покрај тебе, тој и не бил вистинскиот- си реков и продолжив со зјапањето онака во една точка..
Не велам дека не болеше, сеуште ме болиш, но ќе помине.. после тебе дојде еден кој срцево го состави па го залепи со љубов.
Ии да,така зјапајќи одеднаш пристигна порака. Видов, од него беше, човекот кој ме врати назад во живот. Во стомаков пеперутки ко пролетта да ја најавуваа… Слези долу миличка, те чекам…. Откако ја прочитав пораката се стаписав, штотуку се истуширав, без шминка,со бушава коса… Немав што да правам,ниту време да се подготвам. Го зграпчив телефонот и излегов…
Тој ме погледна, ме гледаше долго… Чудно нели? Го нема совршеното чисто лице, испегланата коса и добро избраниот аутфит… знам дека не сум ништо посебно но не успеав да, шш… ме прекина тој. Оставиме да уживам во овој момент… зошто? Зарем се срамиш од мозолчињата на твоето лице? Од подочњаците кои ги имаш поради доцното легнување? Зарем се срамиш од тоа дека косата ти е кадрава а не прецизно испеглана?
Незнаеш ни самата колку си прекрасна.. не ми е јасно само зошто оваа убавина ја покриваш со таму некој си глупости, и од тебе правиш нешто што не си..- ми рече шепотејќи..
Ама јас… во ред е миличка, не си свесна за твојата убавина, а јас се до овој миг не бев свесен каква самовила имам покрај себе. Дојди да молчиме заедно, да уживаме во тишината,да те топлам во прегратка,ти да ги гледаш ѕвездите а јас да се изгубам во совршеноста твоја… дојди.


Автор: Мартина Коколанска