Андре Риу доаѓа во Скопје и гарантира совршена забава



Холандскиот „крал на валцерот“ Андре Риу, на 23-ти ноември ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија доаѓа со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.


Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 јануари.

Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.


Андре Риу и неговиот оркестар “Јохан Штраус”, ќе го одржат својот концерт во Скопје, на 23-ти ноември 2022-ва година.