Положајник
Положајник се нарекува лице кое прво ќе влезе во домот на Божиќ. Обично тоа е маж или машко дете. Тој на домаќините им честита Божиќ и со благослов им посакува добро здравје и успешна година. Симболично ги претставува мудреците кои ја следеле ѕвездата од исток и дошле на новородениот Исус на поклонение. Домаќинката потоа го послужува положајникот и го дарува со некој прикладен подарок. Тој е човек кој на Божиќ и за цела наредна година донесува среќа во домот.

Категорија: