Љубовта не е доволна. Оваа реченица би требало да е скроз неточна. Ама не е. Љубовта е неопходна, ама не е доволна. Не можеш само да чувствуваш нешто. Мора да постои акција. Решителност. Тотална метаморфоза на личноста. Дека некои тврдат дека те сакаат, ама со прст не мрднуваат за да станат подобри луѓе. живеат во стилот – кој ме сака, ќе ме сака каков што сум. НЕ! Метаморфозата значи од гасеница да станеш пеперутка. Повисока форма на живот. Повисока форма на свест. Не, ако останеш гасеница, немој да ми тврдиш дека љубиш. Разбери ме… гасеницата нема капацитет за тоа, дека љубовта не е ползење, туку летање. И ако не те промени, значи не ти се ни случила. Затоа, љубовта не е доволна. Мора многу повеќе. Мора да станеш подобар човек. Мора да се бориш со гадот во себе и да го победиш. Да се бориш со оној мрзливиот, скржавиот и неодлучниот во себе за да го добиеш она што го сакаш. Да продадеш се, да излезеш од кожурокот на твоето минимално и себично постоење и да почнеш да живееш за другиот. И да умреш ако треба. Да, добро ме слушна. Ако не си спремен да ги дадеш сите денови од животот за личноста што ја сакаш, тогаш не ја ни заслужуваш. Дека тоа е цената. Се што имаш. Ни трошка помалку. Дека баш таа трошка што скржаво и кукавички ќе ја задржиш за себе ќе те чини најскапо на свет.
Автор: Драган Таневски
~ Колекционер 5
www.dragantanevski.com/нарачки