Еуцерин со поддршка на првата научна конференција за геријатриска и палијативна медицина во Скопје




Еуцерин, медицинска козметика препорачана од дерматолози и доверлива меѓу различни генерации, продолжува да го истакнува своето значење во грижата за кожата. Производите на Еуцерин се насочени кон решавање конкретни кожни проблеми, без оглед на возраста и полот, а особено значаен бенефит има повозрасната популација која се соочува со предизвици во одржувањето на здрав и младешки изглед.

Во таа насока, брендот беше поддржувач на првата годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина, што се одржа овој викенд во Скопје. Учесниците на конференцијата имаа можност да добијат стручни совети од дерматологот Д-р Соња Петрушевска Доневска и да се запознаат со најновите иновации на Еуцерин, со акцент на правилната нега на кожата кај повозрасните лица.


Со оваа иницијатива, Еуцерин уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на здравствените професионалци и обезбедување квалитетна и научно поткрепена нега на кожата.

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */