Loading...

6 начини како забите секогаш да ни изгледаат бели


Една од првите работи кои луѓето ги забележуваат кај другите, е насмевката. Затоа е важно таа да е бела и привлечна. Ви нудиме 6 препораки за одржување на белината на забите, кои ќе ни обезбедат завидно убава насмевка.

Мијте ги забите два пати дневно

Мијте ги забите секое утро и вечер, секој ден без исклучок. Користете редовно паста за белење и не заборавајте да ги чистите забите и со конец. Ако видите дамки, обидете се да ги отстраните со избелување.

Посетувајте редовно стоматолог

Чистете ги забите секои шест месеци. Ако сакате размислете и за можноста за професионално белеење. Цената може да е висока, но резултатите се добри.

Сопрете со цигарите

Пушењето не само што предизвикува рак на белите дробови и други болести, но тутунот во цигарите ги жолтее и забите. Откажете ги цигарите (и секакви други тутунски производи), за да си го сочувате воопшто здравјето и разубавената насмевка.

Носете сребрен накит

Жолтото злато ги тера забите да изгледаат жолти. Наместо тоа носете сребро или бело злато, како и дијаманти, кубни цирконски или бели кристали, за да изгледаат забите побели.

Изберете вистински кармин

Користете црвен кармин во природна нијанса за да ги натерате сите да се загледаат во вашата сјајна бела насмевка. Карминот во корални, портокалови и жолти тонови ги прави забите да изгледаат жолти.