1. Не заборавајте да појадувате – така ќе го „вклучите” метаболизмот порано, со помош на утрински оброк.
2. Натоварете ги мускулите за време на прошетка или вежбање. За да согорите дополнително 3 калории за 1 минута, потребно е да правите барем 5 минути вежби со тегови.
3. Земете си куче – тоа е поевтино од личен тренер. Активната 15-минутна прошетка со него ќе изгори 60 калории.
4. Јадете почесто. Ако јадете често, но по малку и ја почитувате дневната норма за калории, нема да предизвикате дебелеење. Покрај тоа, ќе останете на постојано ниво на енергија потребно на телото во текот на денот.