Ванѓа се појави на свадбата на нејзината внука



Ванѓа се појави на свадбата на својата внука Кристина, пишува “Бугарија Денес”. Церемонијата се одржала во Благоевград, надвор од градот – во паркот Борчиново. Од фамилијата на пророчицата велат дека го почувствувале силното присуство на пророчицата во храмот. “Баба Ванѓа беше меѓу нас! Сите го осетивме. Веруваме дека иако ја нема со телото на овој свет, духот уште е меѓу нас и не прати”, споделуваат блиски на феноменот од Петрич. Нејзиното присуство најмногу го чувствувале нејзината 22-годишна внука. Долго време се збори дека Кристина ги наследила способностите на пророштвото. Таа почнала да добива визии пред 8 години. Во почетокот се плашев и немав желба да споделам со никого, раскажува на своите блиски се додека една од пријателките не и заболува од подмолна болест, а таа успева да ја излечи.


Покрај благословот на нејзината пра-баба и меѓу најскапоцените подароци што Кристина ги добива за својата свадба, е златната монета на Ванга. Пророчицата ѝ ја дава на својата посвоена ќерка, Венета, на нејзиниот наследник, Димитрина, кој пак ја предава на својата ќерка. “Ветувам дека ќе ја задржам традицијата, и еден ден ќе им ја дадам на моите деца”, вели невестата возбудено. Нејзиниот избраник е Владислав Пашалиев, кој е исто така од Петрич. Пред неколку години тој се преселува во Благоевград и неодамна е во редовите на Министерството за внатрешни работи и работи како полицаец.