Дечко ми се фатил со мојата најдобра другарка. Kако да го вратам?



Автор: Драган Таневски


– Писателе, извинете ако пречам. Многу ми се допаѓаат вашите статуси и вашите размислувања. Имам еден проблем, и многу ќе ми значи ваш совет…
– Повели девојче, слушам…
– Дечко ми се фатил со мојата најдобра другарка, како да го вратам?
– Кукло, да ти каже нешто писателот на тебе. Залепи си два-три шамари прво за муабетов. После, иди стани во нешто најдобра на свет. Учи, полни го тоа убавото главче со знаења. Наоружај се со вештини. Иди, умешај се меѓу успешните. Ако треба волонтирај. Искористи го слободното време да учиш странски јазици. Спортувај, стегни се фино, за да имаш енергија. Најди време да се занимаваш со некоја хуманитарна активност. Стани сунѓер за се што е добро и вредно. Стани менаџер на нешто и расти полека нагоре. Нема шанса со тој изглед и со целото знаење што ќе го стекекнеш да не влезеш во некој успешен тим. Бегај од гниди и изроди. ПОРАСНИ, ме разбираш? Порасни! После некое време, јави ми се и постави ми го истото прашање, па да се изнасмееме заедно, ОК?