Зошто замина и ме остави на други?



ЗОШТО НИВ А НЕ МЕНЕ?


Таа ноќ тивко и бавно но сигурно заминуваше од мене.. Не ми беше јасно зошто толу силна беше прегратката со која ме испрати,всушност таа била прегратка која означува крај.. толку силна aма последна. Зошто ме казни вака, јас да те сакам а друга да те љуби?

Зошто замина и ме остави на други?


Зошто? Ноќе ме измачуваат прашања, не ми даваат мир. Твојот лик секаде го гледам, каде и да се свртам го гледам тој твој поглед. Од толку љубов почнав да те мразам, те мразам бидејќи те сакам. Сфаќаш? Знам, знам дека не ме сфаќаш. Јас и самата неможам да сфатам како може некој да мразиш од љубов. Како?

Се би дала да те прегрнам уште еднаш но да не те пуштам повеќе, да те бакнам уште еднаш, но да не прекинам никогаш, да ми кажеш ТЕ САКАМ и да го кажуваш ЗАСЕКОГАШ. Таа ноќ вечно ќе ме боли, од глава не ми излегува она кога се сврте и замина, со тивки чекори се оддалечуваше од мене и за миг те снема во далечината и темнината. Болиш кога се смееш на други, кога ги гледаш онака како што ме гледаше мене, кога ги сакаш онака како што ме сакаше мене. Зошто нив, а не мене?


Автор: Мартина Коколанска