ЗОШТО ЗА БАДНИК НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВУВА ВЕЧЕРА И ЛЕБЧЕ СО ПАРИЧЕ



Секоја година, околу Божикните празници на површина излегуваат одредени недоумици околу нивното правилно чествување. За да нема многу забуни околу оваа проблематика, еве еден ориентир според кој и најнеинформираните верници можат да се управуваат.


Ориентирот е причестувањето со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови во Светата Литургија на Црквата. Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови. Без остварување на оваа цел може да стане збор за сѐ, само не и за верско и побожно славење на Бог. Нема причест – нема живо христијанство!

На пример: имаме недоумица во однос на подготовката на таканаречената бадникова семејна вечера. Сега, ако знаеме дека главната цел при дочекот на Рождеството Христово ни е причестувањето со Светите Тајни Христови, тогаш од трпезата веднаш отпаѓа рибата и сѐ што е подготвено на масло (зејтин).


За други мрсни работи и да не спомнувам – секој знае дека пред Причест се пости. Така, ако главен ориентир при секој дочек на некој црковен празник ни е причестувањето со Телото и Крвта Христови, тогаш нема да згрешиме при решавањето на вакви недоумици.

Ви говорам за основни работи; инаку, бадниковата вечера му е потполно туѓа на црковниот живот – ќе ви објаснам дополнително, но сега само едно ќе ви кажам: извадете го лепчето со паричката од бадниковата вечера, како магиски и суеверен чин – што во суштина и е, и ќе се изгуби и смислата и погрешната традиција на бадниковата вечера.


Друго прашање е, на пример, дали одредени обичаи при црковните празнувања се пагански остатоци или се туѓи, или се и едното и другото. На пример, собирањето и делењето бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај, и на ниту една друга помесна Православна Црква или народ; исто како и кршењето на лебот со паричката на бадниковата вечера (леб со паричка се крши на свети Василиј или т.н. Стара Нова Година), како и со славата и славскиот колач (наместо тоа, правилно е именден и петолебие).

Повеќе на следната страна:

Страни: 1 2 3