Зошто треба да јадете рен во зима



Ренот е корен со извонредни хранливи и лековите вредности. Идеален е за одржување на јак имунитет, особено потребен во зима, кога свежото овошје и зеленчук се многу ограничени.

Што содржи?

Малкумина знаат дека ренот содржи повеќе витамин Ц од лимонот. Но, за да се задржи, при подготовката за зима, ренот не треба термички да се обработува. Ренот е и богат извор и на калиум, калциум и железо, витамини од групата Б – Б1, Б2, и Б6 и гликозиди.

Како делува?

Ренот делува како деуретик, а во народната медицина е познат како лек против тегобите предизвикани од ревматски заболувања. Помага да се отвори затнатиот нос и дишните патишта општо. Го помага варењето на храната и работата на цревата, ја подобрува циркулацијата на крвта и ја поттикнува работата на срцето.

Ренот припаѓа на родот зелки, како и карфиолот, зелката и брокулата, па како и овие растенија, и тој содржи гликоза, која може да делува превентивно против некои видови рак. Гликозидите имаат и антибактериско дејство и ефикасно влијаат дури и на упорната ешерихија коли во цревата. Благодарение на нивното дејство, ренот штити од настинка, а помага и во зголемување на општата отпорност на организмот.
Богата колекција од хранливи и лековите вредност во само еден корен, за така лесно да се откажете од него.

И не плашете му се, неговата лутина е безопасна во споредба со лутината на лутото пиперче. Кога по само еден залак од ренот ќе почувствувате што значи повторно да се дише нормално, сигурно ќе сакате да ви биде во близина секогаш кога ќе ве нападне некоја настинка.