Зошто треба дa го посетите градот Берлин?



Во Берлин ќе ја препознаете енергијата на град кој никогаш не спие. Познат е по својот апсолутен хедонизам и неверојатни призори.


Берлинска историја во една улица

berlin2


Почнете ја прошетката по Улицата под липите, булевар кој по ова миризливо дрво и го добива своето име Unter den Linden. Неговиот пат ја прати еволуцијата на градот од Хоецолерн династијата, преку Вајмарската република и Третиот Рајх, па се до демократска Германија. Централна точка Бранденбуршката капија, подигната како симбол на пруското владеење во 1791 година. Западно од капијата е Зоолошката градина, а на северната страна Рајстагот, домот на германскиот парламент. Кон југ е главната улица за шопинг – Фридрихштрасе, а источно Музејскиот остров.

berlin3


Освојте го Музејскиот остров

На реката Шпре, има мал остров на кој се сместени пет огромни музеи.

Првиот јавен музеј во Прусија или Altes Museum е дизајниран како факултет за уметност и наука по моделот на Античка Грција. Останатите се Старата национална галерија, Боде музејот, Новиот музеј и Пергамскиот музеј.

Страни: 1 2