Зошто традиционалната венчаница е бела ?



Речиси секоја жена сонува еден ден да се види во бел фустан. Иако во текот на годините постојано се намалува бројот на луѓето верници во бракот, голем процент од дамите не би имале ништо против да се претворат во чудесните принцези, и да се облечат во згодна бела тоалета.

Чудно или не, традиционалната бела боја на венчаницата не е симбол на чистотата и невиноста. “Овде не станува збор за чистота, туку за богатство. Во 18-19 век само богатите дами се мажат во бели фустани”, објаснува Едвин Ерман од лондонскиот музеј “Викторија и Алберт”.

Во тоа време немало перење и сите алишта се плакнеле на рака. Токму затоа само богатите, кои си дозволиле свадбен фустан, носеле облека во бела боја, велат од prekrasna.

Белата венчаница била популаризирана од кралицата Викторија. Таа била облечена во бел невестински фустан за време на нејзината свадба со принцот Алберт во 1840 година. Низ вековите фустанот се развивал, и останал во мода и денес.

” Ако сепак сакате да носите фустан во друга боја, да одите боси или да бидете облечени во панталони, направете го ! Најважното нешто во бракот е почитта, а не фустанот, кој го носите на свадбениот ден”, убедена е Едвин Ерман.