Паѓањето во љубов често е необјаснив процес во кој се играат хемиски реакции. Сепак постојат луѓе кои се заљубуваат многу поретко од другите, можеби поради различните критериуми кои ги имаат тие.
Овие потсвесни критериуми можат да се базираат на минати искуства, односи со родители или настани кои се случиле во животот на човекот. Врз основа на потсвеста, причините зошто луѓето ја наоѓаат тешко љубовта можат да бидат многу различни.
Еве ги најосновните од нив:
1. Страв од врзување. Ова е една од најчестите причини поради кои човек не може да ја сретне својата партнерка. За некои луѓе несигурноста во љубовните односи може да биде многу застрашувачка, како и самата идеја да бидат “врзани”. Луѓето со половинки располагаат со помалку слобода и помалку сексуална разновидност, што во денешно време не им се допаѓа на многу мажи, а и на жените. Повеќето луѓе кои не сакаат да почнуваат врска сепак, чувствуваат страв од врзување, што вклучува внимание и посветеност.
2. Страв од неуспешни врски. Овие денови е многу тешко да најдеш човек, на кој можеш да се довериш целосно. А кога треба да најдеш човек, на кого да го дадеш срцето, задачата станува двојно посложена. Некои луѓе имаат големи проблеми со довербата, било да е тоа поради стари пропаднати врски, или лошо искуство со пријателите и познаниците.
3. Без обврски е полесно. Врската бара многу време и напор. Некои луѓе не сакаат да се помират со друг човек, па затоа преферираат да постапат себично и да ги задоволуваат само своите сопствени потреби.
4. Страв од синдромот “скршено срце”. По тешката разделба, повредените чувства и скршеното срце, на човекот му е тешко да се престраши да сака повторно. Лошото искуство од минатото го плаши. Тој не сака да го доживува целиот ужас повторно и претпочита да не чувствува ништо, наместо да чувствува повторно тага и предавство.
5. Премногу високи стандарди. Колку поголем станува еден човек, толку повеќе се зголемуваат неговите барања. На потенцијалниот партнер. луѓето со превисоки стандарди имаат тенденција да се гледаат повеќе во недостатоците на луѓето, отколку во нивните позитивни карактеристики. Се разбира, убаво е да знаете што сакате и што заслужувате, но без да поставувате недостижни цели пред себе.
6. Други приоритети. Некои луѓе претпочитаат да ја вложуваат целата своја енергија во развојот на кариерата, отколку во врската. Тие имаат различни приоритети во животот и за нив љубовта не е толку важна.