Зошто солзите не се манифестација на слабост, туку знак на вистинска сила



Признавам дека сум од луѓето кои плачат лесно. Солзите од моите очи може да се предизвикаат од речиси сè – среќни и тажни случки, убав филм, стара песна која ме враќа назад во времето, или едноставно нечија потресна приказна … Затоа, кога наидов на овој текст, едноставно не можев, а да не го прочитам. И да не го споделам со вас! Тој е за сите кои често си поплачуваат …

5 причини поради кои покажуваат дека, да плачеш, всушност значи да си силен:

1. Ти ги пречекуваш отворено своите емоции

Всушност, да плачеш, не значи дека не можеш да се справиш со животот. Напротив, значи дека може да се справиш со неговите предизвици, може да се справиш со тешкотиите, бидејќи не се обидуваш да избегаш од нив.

2. Не се интересираш што мислат другите за тебе

Солзите покажуваат дека си чувствителен и ранлив. Потребна е внатрешна сила за да ја покажеш пред светот оваа своја страна и да не се интересираш што мисли тој за слична манифестација на “слабост”. Не заборавај! Тоа не е слабост! Тоа е знак на вистинска сила! Живееме во свет кој ни помага да бидеме ладнокрвни, прагматични и да ги прикриеме емоциите, бидејќи во спротивно ќе излеземе од зоната на удобност, а ќе ги натераме и другите да го направат истото. Да плачеш значи дека се сеќаваш што е да си човек. 

Страни: 1 2