Зошто понекогаш треба да се следат пријателски совети



Велат дека на жените не им треба да одат на психолог, ако во близина имаат тросед, телефон и добра пријателка. На крајот, замислете, што правите кога сте потресени и имате потреба од совет? Дискутирате за проблемот со најблиските пријатели, се разбира.


Пријателските совети се нешто вредно, бидејќи другите луѓе ја гледаат ситуацијата многу пообјективно отколку што ја гледате вие самите. Ова им дава моќ да имаат реална претстава што треба да се случи од тука натаму. Во кризна ситуација луѓето обично се обземени од емоции.

Токму за да ве заштитат од грешки, во пресрет се пријателите со нивните вредни совети. Истражувачот Игор Гросман од Универзитетот на Ватерло во Канада ја нарекува личната пристрасност на човекот “Парадоксот на Соломон” во чест на царот, кој е познат по својата мудрост, и кој не успеал да земе добри решенија во личниот живот.


Кои се причините поради кои понекогаш е подобро да ги следите советите на вашите пријатели, наместо сопствената логика:

1. Секогаш сте пристрасни. Како што веќе стана јасно, другите луѓе (оние кои не се вмешани во проблемот), секогаш имаат појасна претстава за реалноста. Вие секогаш може да си најдете илјадници изговори, за да направите или да не направите некое нешто, најмногу поттикнати од сопствените емоции.


2. Вие имате чувства. Во повеќето случаи разумот ја губи битката против чувствата. Тие се посилни и ќе ве завладеат целосно. Човек е способен да направи огромен скандал, поттикнат само од своите повредени чувства. Пријателот во овој случај се јавува кај судијата кој постапува по ситуацијата како дело и дава соодветна “казна”.

3. Вашите пријатели имаат трезна оценка. Тие гледаат како стојат работите и за разлика од вас не го анализираат проблемот одново и одново.

4. Не пропуштајте го она што вие самите го сметате за вистина. И не на последно место – вие живеете свој живот и имате право да го правите со него, што ќе посакате. Дури и ако тоа значи дека ќе згреши. Вашите пријатели можат да ви дадат совети, но ако и по неколку денови вие сеуште не сте целосно согласни со нив, значи можеби треба да се послушате себеси.