Зошто одењето пешки до работа е многу повеќе од добра прошетка



Претпоставувајќи дека растојанието помеѓу домот и работното место ви е до еден час одење пешки, тогаш ова е добра можност да се раздвижувате секој ден.

Покрај тоа, така ќе ги заштедите патните трошоци – за бензин или за карта за градскиот транспорт и нема да ви се наметнува секое утро да мислите каде да ја паркирате вашата кола или дали ќе дојде автобусот навреме.

Еве ги 9-те најважни причини зошто вреди да пешачите до канцеларијата:

1. Ова е начин да се раздвижите секое утро или навечер.

2. Една неодамнешна британска студија покажа дека луѓето кои почнале да одат на работа со велосипед или пешки, се чувствуваат посреќни и умеат да се концентрираат подобро.

3. Одењето пеш ќе ви овозможи вистински да се погледнете нагоре и да ја видите убавината на околниот свет – дрва, небо, зеленило. Да не заборавиме дека есента е една од најубавите сезони.

4. Прошетката до канцеларија може да ви помогне да стигнете до некакво покреативно решение и решите некој проблем.

5. Одењето пеш или со велосипед на работа, може да ги инспирира и блиските кон истото – т.е. ќе се претворите во добар, здрав пример за околината.

6. Одењето пеш секој ден до работа ќе го намали ризикот да заболат од хронична болест (дијабетес, висок крвен и др.). Истото важи и за возење велосипед наместо автомобил. Покрај тоа, ако се враќате приквечер пеш, поверојатно е да се радувате на здрав ноќен сон.

7. Одењето пеш може да ја намали вашата генетска склоност кон дебелеење. Истражувачите од Харвард сметаат дека е можно половина да се намали ефектот на генетски предиспозиции кон дебелеење, ако човек оди со брзо темпо секој ден по еден час.

8. Секојдневната прошетка ќе ги намали мастите во вашето тело. Истражувачите од Универзитетот на Квебек утврдиле дека одењето по 10 илјади чекори на ден или повеќе, може да го намали процентот телесни масти, особено на жените меѓу 50 и 70 години.

9. Одењето пеш во во зелените, отворени површини и паркови, всушност може да го донесе вашиот ум во медитативна состојба, според истражувањето на британскиот весник за спортска медицина. Други истражувања покажуваат докази дека одењето го намалува стресот и напнатоста.