Зошто не треба да го исфрлиме лебот од нашата исхрана?



 Балансираната исхрана е многу важна за работата на нашиот организам. Многу е важно како се храниме и каков е нашиот животен стил, бидејќи овие два фактори претставуваат дури 90% од причините за болести кои можат да се појават, доколку не се грижиме за нив. Истовремено, во борбата против вишокот килограми правилната исхрана е клучот, а диетата е само средство за да се постигне целта. Недоволното внесување одредени хранливи материи може да доведе до разни видови нарушувања и болести.


Многу често се прават грешки со рестрикции или исфрлање на одредени производи од исхраната, а најчесто прв на „удар“ е лебот.  Но, тоа е погрешно. Добропознатата пирамида на здрава исхрана на Светската здравствена организација која првенствено се користи за планирање на правилната  исхран, ги наведува житарките како едни од најважните хранливи материи за човечкиот организам. Основата на пирамидата се состои од житни култури кои треба да обезбедат 30-45% од дневната енергија. Во втората фаза се зеленчукот со 15-25% и овошјето со 10-15% од дневниот внес. Потоа следуваат млечни производи со 10% внес. Следното ниво е резервирано од храна како месо, јајца, риба, ореви, семиња со 10%. Врвот на пирамидата е претставен со најмалку здрава храна, а тоа се масти, шеќери, слатки со 5% од дневниот внес.

Со цел исхраната да биде правилно избалансирана, потребен е избалансиран однос на макроелементи. Ова значи дека 10-15% од енергијата треба да доаѓа од протеини, околу 60% од јаглехидрати и најмногу 30% од маснотии. А јаглехидратите се токму примарна хранлива материја која е содржана во лебот.  Тие му даваат на телото енергија и претставуваат еден вид „гориво“ потребно за да може организмот да ги извршува секојдневните функции.


Како да го добиете најдоброто од лебот и да направите здрав избор? Бирајте леб направен од интегрални житарки богати со растителни влакна. Проверете ја амбалажата на која се наведени состојките за да бидете сигурни дека е вклучен зборот „цели“ – како во „интегралното пченично“ или „целото зрно“. Во зависност од тоа колку ќе успеете да ги препознаете „добрите“ состојки и да го изберете лебот, тој може да биде одличен извор на цели зрна богати со гореспоменатите хранливи материи. За луѓето со дијабетес, јадењето сложени јаглехидрати, како што е леб од цели зрна, може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта. Според податоците на USDA Nutrition Evidence, јадењето цели зрна е поврзано со намалена инциденца на дијабетес тип 2, како и помала телесна тежина и заштита од кардиоваскуларни болести.

Од лебовите достапни на нашиот пазар, со својот состав особено се истакнуваат „Супер лебовите“ на Жито Лукс. Зошто „супер лебови“? Станува збор за 3 вида леб произведен исклучиво од из’ртено цело зрно, збогатен со состојки кои важат за „супер храна“ како и маслинов зејтин, без додадени шеќери, вештачки бои и конзерванси. Интегралниот леб со супер житарки со из’ртен овес и спелта  е богат извор на квалитетни протеини, растителни влакна, незаситени масни киселини и минерали. Соодветен е за здрав почеток на денот. Интегралниот леб со супер семки од чија и тиква благодарение на чија семето содржи омега 3 масни киселини и антиоксиданси, а семките од тиква се богати со протеини, диететски влакна, минерали и фитостероли. Помага при постигнување балансирана исхрана. Интегралниот леб со супер зрна со хељда и амарант е леб богат со витамини и минерали, феноли, фитостероли, антиоксиданси и незаситени масни киселини кои доаѓаат од хељдата, а во комбинација со амарантот претставува природен извор на висококвалитетни протеини и е одличен избор за здрав и вкусен оброк.