Зошто на жените НЕ им се допаѓаат мускулести мажи



Повеќето мажи се трудат да се здобијат со мускулесто тело, за да можат да го привлекуваат вниманието на дамите. Излегува дека овие напори се непотребни, бидејќи во денешно време жените преферираат нивниот партнер да е малку мек, пишува во списанието “Metro”.

58% од претставничките на понежниот пол тврдат дека преферираат нивниот партнер да има мало стомаче, отколку мускули и плочки.


Истражувањето е направено по повод филмот “Лоши соседи”. Резултатите покажуваат дека 96% од жените сметаат дека да бидат со опседнат маж со мускули е губење на време. 77% од нив се на мислење дека идеалниот маж нема типична фигура како Даниел Крег, а 33% од нив преферираат средба со Колин Фирт.

„Машкото со совршено тело најверојатно внимава што јаде и пие и поминува часови во теретана – вели психологот Трејси Кокс. Ова укажува дека како партнер нема да е многу успешен”.


Во рангирањето на познати мажи без мускули, со кои жените со задоволство би излегле на состанок, се Роби Вилијамс, Роберт Патинсон, Леонардо ди Каприо, Сет Роуган и комичарот Џејмс Кордан.