Зошто на жените им се допаѓаат постари мажи



Да се ​​закачите со многу помлад маж сеуште е чудно, иако во последниве години е и модерно. И додека веднаш во главата ни доаѓаат зборовите: „Таа е со него поради парите”, тоа не е сосема така.

Има и ред други причини поради кои девојките бараат постари половинки.

Еве и кои се тие:

Бели влакна во косата

Има нешто многу во белите влакна во косата. Ако не ни верувате, размислете за Џорџ Клуни.

Повеќе искуство

Сосема логично, постарите мажи се со долгогодишно искуство во креветот и се далеку подобри љубовници.

Повеќе пари

Еден постар маж е поверојатно да има сопствен бизнис, стабилна професија и дури да собрал некаква благосостојба.

Зрелост

Момчињата треба повеќе време за да созреат и да станат вистински мажи кои се “вклопуваат” за сериозни врски и семејството. Еден маж на 40 може да ви го предложи тоа, но не и еден на 20.

Доверба

Годините носат искуство, а искуството – доверба и самодоверба. Друго е да се закачате со маж кој знае како да се однесува.

Фигурата на таткото

Повеќето жени го идеализираат својот татко и гледаат во својот избраник слични црти. Тие сакаат до себе маж кој ќе се грижи за нив, па дури и да ги насочува во животот.