Многу добро знаете за што зборуваме. Седите на стол и ги прегледувате фотографиите на Facebook од албумот на ваш пријател. Одеднаш ви доаѓа вашата сопствена фаца – една значително помалку атрактивна верзија на вас самите. Се прашувате „Што всушност се случило?”. „Навистина изгледам вака?”
Да, навистина. Не грижете се, сепак постои едно целосно значајно објаснување зошто човекот кој зјапа во вас, изгледа толку непознат, иако и ова всушност да сте самите вие. Патем ова смешно подобие на сликата реално е повеќе привлечно отколку што си мислите. Огледала! Токму тие се виновни за сè! И Данкан Дејвид ќе ви објасни зошто.
„Како се перцепираме? Па, тоа е една уникатна камера – никој друг не ве гледа на тој начин: тоа е огледало во бањата, на испружена рака. Една исклучително персонална глетка – вие сте единствениот човек на светот кој ја гледа. И секој пат кога некој ќе ве снима, таа не се совпаѓа со вашите претстави.
Затоа мојата теорија, иако не сум научник, туку едноставно фотограф – е следнава: кога гледаме фотографија на самите себе, таа изгледа во ред, но не сосема. Соодветно чувствуваме огромна смисла на негирање. Дали е праавилна теоријата или не? Ќе видиме. Веројатно некој ќе ја тестира.”
Страни: 1 2