Зошто мажите лудуваат по жени со голем задник?



Заоблените женски задни делови дефинитивно го доживуваат својот момент на слава, што според некои психолози воопшто не е за изненадување. Според професорот Галуп привлекувањето на мажите кон женските големи задници е едноставно дел од нивниот ген.


„Еволуцијата од почетно време е поврзана со оној кој поседува гени за здравје, виталност и плодност”, тврди доктор Галуп.

Мажите отсекогаш биле привлечени од тесните половинки и широките колкови кои ги сметале за атрактивни, иако не се знае зошто е тоа така. Структурата на жените со пошироки колкови претставува полесна бременост, но и според психологот жената со форма на песочен часовник е подготвена за продолжување на родот.


А што се однесува до идните потомци, излегува дека жените со поголеми задни делови се поинтелигентни и имаат попаметни деца. Ова се должи на содржината на глутеофеморалните масти (масти во областа на задникот и бутовите), кои се важни за развојот на мозокот на бебето.

Според доктор Галуп мажите немаат поим зошто ги привлекуваат големите женски задници, но сепак факт е дека се привлечени.