Зошто мажите избираат жени кои личат на нивните мајки



Не брзајте да го дефинирате вашиот партнер како мамино дете, туку прифатите една едноставна вистина – повеќето мажи си избираат жена по примерот на мајка си.


Еве и какви се нивните мотиви:

Семејна удобност


Многу мажи бараат познат семеен комфор. И за да го задржат својот избираат жени кои ги потсетуваат на нивните мајки. И господата веруваат дека ако сопругата им личи на нивната мајка, ќе се разбираат прекрасно.

Се разбираат со мајка им


Или барем така им се сака да веруваат. Ако двете жени се исти, по машката логика тие нема за што да се караат.

Мажите никогаш не растат

Тие цел живот се момчињата на мама и сакаат да се хранат, да се облекуваат и да се згрижени. Пред тоа го добиваа од мама, сега го бараат од партнерката.

Домашна храна

Љубовта на мажот минува низ стомакот. А храната е витална за претставниците на посилниот пол. И бидејќи тие ги сакаат јадењата на мама, сакаат да ги добиваат цел живот, па си бараат сопруга, која да може да ги прави.

Теоријата на Фројд

Според Сигмунд Фројд момчињата првично се привлечени од анатомијата на мајките и тие се женат за жени кои личат на нив.