Зошто мажите бараат просечни жени



Истражувањето дало изненадувачки резултати, бидејќи мажите најмногу сакаат просечни девојки покрај кои ќе се чувствуваат удобно и сигурно.


Да се биде галмурозна и прекрасна не е секогаш доволно за да се освои машкото срце, бидејќи тие всушност повеќе сакаат жени со просечен изглед, покажало новото истражување водено на Универзитетот Нортвестхем.


Имено, студентите кои учествувале во истражувањето се испратени на состаноци за да се истражи привлечноста на жената во сите аспекти, од изгледот до способностите и потенцијалот за врска во иднина, а резултатите се поразителни за расните убавици.

Покрај нив мажите се чувствувале несигурно и не ги сакале за постојани партнерки, туку поважна им била карактерноста и можната сигурност покрај жена која нема постојано да ги привлекува погледите на другите мажи.


Едноставно кажано, поголемиот број мажи се плашат од згодните жени, бидејќи покрај нив не можат да се чувствуваат опуштено и мирно, туку се во постојана паника дека тие ќе најдат подобар маж од нив.