Loading...

Зошто мајко немам среќа? Кој ли така, тешко ме проколна…


ДОЈДИ МАЈКО

Зошто мајко
среќа немам?
Кој ли така,
тешко ме проколна.
Животот ми е мачен,
тагата ме леди,
болката врати ми заклучи,
клучот го изгубив,
не можам да излезам,
и спас да барам.
Дојди мајко да ме видиш,
во топла прегратка гушни ме,
и цврсто стегни ме,
малку маки да заборавам,
на раце да ти заспијам,
така спокојна ќе бидам,
додека душа,
на Бога не предадам.
Немој да ме жалиш,
и по мене тажиш,
во црно да се завиеш,
пушти ме на оној свет,
можеби таму среќна ќе бидам.

Автор: Јагода Ангеловска Илиевска