Зошто луѓето се бакнуваат



Наједноставното објаснување е дека луѓето се бакнуваат, бидејќи чувството е пријатно. За некои, сепак тоа не е доволно. Постојат луѓе кои се занимаваат со анатомија и еволутивна историја на бакнежот. Тие се нарекуваат филематолози.


Засега предметните научници не успеале да објаснат категорично од каде потекнува бакнежот. Тие сепак нудат неколку теории и покажуваат како нашата биологија влијае од овој мил и страстен чин.

Клучното прашање е дали бакнежот се учи или е инстинктивна акција, пишува Objects. Некои тврдат дека тој се учи и датира уште од многу одамна. Во тоа време мајките најверојатно џваканата храна ја предавале во устата на своите бебиња кои биле без заби. Па и откако на детето му растеле заби, мајките продолжувале да ги допираат образите со усни, за да го тешат.


Во поддршка на теоријата дека бакнежот се учи, а не е инстинкт, доаѓа и фактот дека сите луѓе не го прават тоа, покажуваат антрополозите. 90 проценти навистина се бакнуваат, но има и 10 проценти, кои немаат поим што испуштаат.

Други сметаат дека сепак бакнежот е инстинктивно однесување. Некои ги тријат носевите во знак на привлекување.


Денес најзастапена теорија за бакнежот е следнава – луѓето се бакнуваат, бидејќи тоа им помага да бидат блиски со својот партнер. Кога лицата ни се блиску едно до друго, феромоните почнуваат да „зборуваат”. Тие на тој начин разменуваат биолошки информации.

Сепак, некои луѓе се задоволни и со објаснувањето дека се бакнуваме, бидејќи е пријатно. Нашите усни и јазици имаат нервни завршетоци кои го зголемуваат чувството од љубовта.