Зошто кафето во ѓезве е подобро од инстантното



Свареното кафе во ѓезве е многу покорисно од модерното инстант кафе, велат експертите. Зошто е така? Свареното кафе има голем број на предности во однос на инстантното. Кафето во ѓезве е богато со минерали, особено манган и магнезиум, витамин Б3 и има силни антиоксидантни својства, го подобрува здравјето на мозочните клетки и штити од атеросклероза и неколку видови рак.


Кај инстант кафето, сепак горните корисни својства не важат! Содржината на кафе во него е помала и со лош квалитет, бидејќи поголемиот дел од позитивните својства се губат за време на термичка обработка.

При изборот на видот, кај инстантното кафе треба да се има предвид дека главната состојка на овој пијалок е и шеќерот, кој во комбинација со растителните масти, гликозен сируп дава пријатен вкус на кафето. Хидрогенизираните растителни масти можат да бидат извор на штетни трансмасни киселини. Полифосфатите кои се регулатор на киселоста, имаат лошо влијание врз здравјето на коските.


Во инстант кафето се содржи и повеќе кофеин, отколку во турското. Препорачливо е дневниот внес на кофеин да не надминува над 300 милиграми. Во една чаша инстант кафе има околу 100 милиграми кофеин.